Дома Фудбал Разочарување: Дембеле само што се врати на терен повторно се повреди

Разочарување: Дембеле само што се врати на терен повторно се повреди

Oсман Дембеле во вторникот конечно се врати на терените откако скоро пет месеци беше повреден.

Дембеле се повреди во текот на Европското првенство и го пропушти почетокот на сезоната со Барселона. Французинот конечно се опорави и влезе во игра во натпреварот со Динамо Киев. Сепак, денес Барселона повторно ги разочара своите навивачи со објавата дека Дембеле има повторно проблеми со повреда иако само што се врати на терените.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Барселона соопшти дека Дембеле доживеал повреда на задната ложа и дека повторно е надвор од терените и не е познато кога ќе се врати. Ќе потсетиме, Дембеле во Барселона пристигна пред четири години од Борусија Дортмунд за скоро 140 милиони евра како замена за Нејмар.

За Французинот ова е дури 11. повреда само на задната ложа откако е играч на Барселона и ако вака продолжи тешко дека во клубот ќе имаат трпение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Струга го декласира Арсими и стана нов лидер во Првата лига

Струга Трим Лум убедливо го совлада Арсими со 4-0, а Башкими беше подобар од Работнички со…