Дома Фудбал Англија Рагник бил зачуден кога дознал дека Јунајтед не го следи Нкунку

Рагник бил зачуден кога дознал дека Јунајтед не го следи Нкунку

Ралф Рагник на почетокот на сезоната пристигна во Манчестер Јунајтед како привремено решение, а потоа се очекува да пристигне нов стратег, додека Германецот ќе остане во клубот и ќе ја извршува улогата на советник во спортскиот сектор.

Сега новинарот на „ЕСПН“ открива дека набрзо откако пристигнал во Јунајтед Рагник побарал од клубот да ги види извештаите за фудбалерот на Лајпциг Кристофер Нкунку. Тогаш тој останал зачуден од одговорот на скаутите дека воопшто не го следеле.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Рагник бил изненаден затоа што според него Нкунку е еден од најдобрите млади германски играчи, а наскоро би можел да добие повик и во сениорскиот тим на Франција. Нкунку иако е играч од средниот ред сепак и често постигнува голови.

За Рагник не било сфатливо како клуб како Манчестер Јунајтед нема ништо забележано за еден таков играч. Сезонава Нкунку постигна 28 гола и забележа 18 асистенции на 42 натпревари за Лајпциг во сите конкуренции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал го плати 50 милиони евра, па го продава по една сезона

Реал Мадрид под новото водство на тренерот Чаби Алонсо отпочнува нова фаза. Тимот покажува…