Работнички ја оправда фаворитската улога против Тре Пене од Сан Марино и се пласира во второто квалификациско коло во Лига Европа. Од друга страна Пелистер не успеа да постигне гол во двомечот против Лех Познањ и го заврши својот настап на европската сцена за оваа сезона.
Работнички на стадионот „Петар Милошевски“, во тренинг центарот на ФФМ убеливо со 6-0 ги порази аматерите од Сан Марино.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сахити ја отвори серијата во 28.минута, потоа Најденов во 43. и 60.минута постигна два гола, Маркоски во 71. зголеми на 4-0, а натпреварот со два гола, во 80. и 82.минута го заклучи Велинов.
Пелистер во Струмица со негатива од 0-4 го пречека Лех и не успеа ниту во вториот меч да ја затресе мрежата на полскиот претставник. Лех во реваншот славеше со 0-3 и со вкупен резултат 0-7 се пласира во втората квалификациска рунда.
Головите за Лех ги постигнаа Тралка во 39., Јевтиќ во 66. и Језвијак во 77.минута.