Французинот Адриен Рабио се уште е без клуб откако го напушти Јувентус.
Сезоната започна, а Рабио никако не успева да пронајде клуб кој ќе му одговара. Според последните информации сега Ливерпул ќе се обиде да го доведе.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Се поврзуваше Рабио и претходно со „црвените“ од „Енфилд“ , но сега како што стојат работите двете страни се поблиску до договор.
Треба да се знае дека преодниот рок кој завршува на 1. септември не значи ништо во ситуацјата на Рабио бидејќи тој е слободен и може да потпише договор со новиот клуб и подоцна.