Дома Трансфер зона „Пјаниќ и Игуаин заминуваат од Јувентус, се е готово само не е објавено“

„Пјаниќ и Игуаин заминуваат од Јувентус, се е готово само не е објавено“

Познатиот италијански спортски новинар, Марио Сконцерти тврди дека заминувањата на Миралем Пјаниќ и Гонзало Игуаин од Јувентус се завршена работа.

Веќе со месеци трае сагата околу Пјаниќ кој е се поблиску до Барсеона. На големо се тврди дека Пјаниќ ќе го облече дресот на Барселона, наводно останува да се види само уште на кој начин.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според повеќе информации Артур Мело би требало да биде клучниот играч во размената, иако „Мундо Депортиво“ утрово пишува и дека и Дембеле може да биде дел од размената. Како и да е Сконцерти е убеден дека Пјаниќ оди во Барселона.

„Јуве ќе биде во хендикеп затоа што веќе ги изгубија Пјаниќ и Игуаин, тоа е завршена работа само се уште не е објавено. Сари го смета Пјаниќ за бавен и сака промена, меѓутоа Пјаниќ е еден од најдобрите на својата позиција и по мене Јувентус прави грешка за која може да биде казнет во иднина“, изјави Сконцерти.

Ако овие најави се остварат очигледно Јувентус ќе има прилично големи промени во новата сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид по натпреварот со Баерн донел одлука за Модриќ?

Лука Модриќ се уште не го продолжил договорот со Реал Мадрид кој истекува на крајот на акт…