Италијанскиот гигант Јувентус е спремен ова лето да го продаде босанскиот плејмејкер Мирален Пјаниќ, открива „Газета дело Спорт“.
Еминентниот италијански весник тврди дека „старата дама“ веќе пронашла замена и на местото на Пјаниќ сака да го донесе Иван Ракитиќ од Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Клупските челници на „старата дама“ не кријат дека се незадоволни од формата на искусниот играч за врска и затоа сакаат да го продадат за време на летниот преоден рок.
Пјаниќ е проценет на најмалку 70 милиони евра, а најголем интерес за неговите услуги покажува ПСЖ кој е спремен да ја плати таа сума.
Јувентус веќе има замена и сака да го донесе Ракитиќ кој е на излезна врата од Барселона и може да се пресели во Торино за 20 милони евра.