Каталонските медиуми пренесуваат дека Миралем Пјаниќ на крајот на сезоната ќе ја напушти Барселона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Жоржињо Вајналдум се очекува да биде првото засилување за Барселона и на лето да пристигне на „Камп Ноу“ како слободен агент.
Тоа значи дека за Миралем Пјаниќ повеќе нема место во тимот и дека на лето ќе мора да си бара нов клуб.
Босанскиот плејмејкер е во втор план на кај тренерот Куман и често ја грее клупата за резерви, а со доаѓањето на Вајналдум неговата минутажа додатно ќе се намали.
Барселона има потреба од финансии, па го стави 30-годишниот плејмејкер на продажба. Најсилен интерес за Пјаниќ покажуваат неколку италијански клубови, а и самиот фудбалер сака да се врати во Серија А.