Примарна цел на Пари Сент Жермен во летниот преоден рок ќе биде ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, пренесуваат француските медиуми.
Мохамед Салах на лето влегува во последната година од договорот со Ливерпул, а преговорите за продолжување на одат во добра насока.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Таквата ситуација сака да ја искористи ПСЖ, кој во Египќанецот гледа идеална замена за Мбапе.
„Светците“ на лето ќе останат без Мбапе, но и Ди Марија, па „Паризиен“ тврди дека главна трансфер цел ќе биде Салах и нема да штедат пари за да го донесат во Париз.
ПСЖ веќе му понудил 4-годишен договор и плата од 30 милиони евра по сезона, понуда која Ливерпул не може да ја израмни.
На крајот на сезоната ПСЖ е спремен да започне преговори со „црвените“ и да понуди 80 милиони фунти за потписот на Салах.