Пари Сент Жермен е силно заинтересиран за ѕвездата на Баерн Минхен, Давид Алаба.
Спортскиот директор на „светците“ Леонардо изјави дека ПСЖ ова лето нема да троши луди суми на трансфер пазарот, но сепак ќе бидат привлечени неколку нови фудбалери.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Француските медиуми тврдат дека Алаба е прва трансфер желба бидејќи може да игра на неколку позиции на теренот.
Алаба поголем дел од кариерата играше како лев бек или играч за врска, а во последната сезона покажа дека може да игра и како централен дефанзивец.
Договорот на Австриецот со Баерн истекува следното лето, преговорите за нов договор не одат добро, па ПСЖ е спремен да ја искористи таквата ситуација.
Сепак, проблем за ПСЖ ќе биде да го убедат Алаба да се пресели во Франција бидејќи негова желба е трансфер во Шпанија или Англија.
PSG have been in contact with David Alaba's representatives, according to Sky Germany Eyes pic.twitter.com/LX9IjfmVFX
— StarTimesClub (@StarTimesClub) June 16, 2020