Пари Сент Жермен е силно заинтересиран за десниот бек на Арсенал, Хектор Белерин.
Офанзивниот бек не крие дека сака во новата сезона да игра и во Лигата на шампиони и затоа е спремен да ја промени средината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од друга страна Арсенал е спремен да го продаде со цел да ја наполни клупската каса, а целата ситуација сака да ја искористи ПСЖ.
Шпанецот има долг договор со лондонскиот клуб до 2023 година, а неговата цена се движи помеѓу 20 и 30 милиони евра.
ПСЖ и минатата година се обиде да го доведе Белерин, но двата клуба не постигнаа договор.
There are ‘huge chances’ for Hector Bellerin to leave Arsenal in the summer. Leonardo wanted him at PSG one year ago but there was no agreement between the two clubs. Now it’d be an open race – #AFC won’t make any discount. 🔴🇪🇸 #transfers
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) April 6, 2021