ПСЖ спрема нова понуда за потписот на францускиот репрезентативец и ѕвезда на Ајнтрахт, Коло Муани.
Раководството смета дека Коло Муани ќе биде идеално засилување за нападот после заминувањето на Нејмар.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
„Светците“ веќе почнаа да работат на трансферот и сакаат да ја победат конкуренцијата, но Ајнтрахт ја одби првата понуда од 70 милиони евра.
Ајнтрахт сака да добие 100 милиони евра за својата ѕвезда. Преговорите помеѓу двата клуба се интензивираат, а новата понуда на ПСЖ е 80 милиони евра плус услугите на Уго Екитике.