Пари Сент Жермен не се откажува од намерата да го доведе дефанзивецот на Интер, Милан Скриниар, пренесуваат италијанските медиуми.
Словакот беше главна трансфер цел на ПСЖ ова лето и „светците“ испратија неколку понуди, но сите беа одбиени од страна на Интер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Нероаѕурите“ за слободата на Скиниар сакаа да добијат најмалку 70 милиони евра, додека ПСЖ не понуди повеќе од 60 милиони евра со вклучени бонуси.
Меѓутоа, проблем за Интер е што Скриниар влезе во последната година од договорот и веќе во јануари може слободно да преговара со заинтересираните клубови.
ПСЖ има договор со дефанзивецот и му нуди плата од 10 милиони евра по сезона, сума која Интер не може да си ја дозволи во моментов.
Поради тоа ПСЖ ќе се обиде да го доведе уште во јануари за 20 милиони евра, додека Интер сака да го убеди да стави потпис на нов договор.