Дома Топ вести ПСЖ се откажува од Скриниар

ПСЖ се откажува од Скриниар

Трансферот на дефанзивецот Милан Скриниар од Интер во ПСЖ е пред пропаѓање, пренесуваат италијанските медиуми.

Преговорите помеѓу двата клуба траат веќе еден месец но влегоа во ќорсокак бидејќи ниту една од двете страни не е спремна да попушти.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Интер настојува да добие 70 милиони евра за дефанзивецот, кој може да замине како слободен агент следното лето.

Последната понуда на ПСЖ изнесува 50 милиони евра плус бонуси, а целата сума може да достигне до 60 милиони.

Интер има финансиски проблеми и мора да продаде една од своите ѕвезди, но не сака да го пушти Скриниар за помалку од 70 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…