Пари Сен Жермен сака да го врати Адирен Рабио на кого наредното лето му истекува договорот со Јувентус, пренесуваат италијанските медиуми.




Играчот за врска ја помина младинската школа на ПСЖ и влезе во првиот тим во 2013 година и во наредните шест сезони го носеше дресот на „светците“. Следуваше трансфер во Јувентус, но 27-годишникот не се прослави во Торино.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Во неодамна завршниот преоден рок Рабио беше желба на Манчестер Јунајтед, меѓутоа играчот не се договори со „црвените ѓаволи“. Сега полека влегува во последните шест месеци од договорот со „бјанконерите“ и ќе биде слободен во изборот на новата средина.




Јувентус не беше спремен да му понуди нов договор поради неговите високи барања. Платата на Рабио изнесува 7.5 милиони евра годишно и таа сума „бјанконерите“ повеќе не сакаа да ја плаќаат затоа што Французинот не ги исполни очекувањата. Токму затоа негово враќање во ПСЖ во овој момент изгледа сосема реално.



