Дома Актуелно ПСЖ продолжува со исто темпо: Го сака фудбалерот на Јувентус кој важеше за „недопирлив“

ПСЖ продолжува со исто темпо: Го сака фудбалерот на Јувентус кој важеше за „недопирлив“

al kelaifi

Пари Сен Жермен минатото лето направи вистински бум на трансфер пазарот доведуваќи ги Килијан Мбапе и Нејмар, а според последните информации имаат намера и да продолжат во тој стил.

Фудбалерот на Јувентус, Алекс Сандро е еден од најбараните дефанзивци во светот, барем во последната година.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Бразилецот после слабиот старт оваа сезона повторно започна да прикажува настапи какви што се очекува, па повторно се појавија заинтересирани клубови за неговиот потпис.

Челзи во текот на летото имаше голема желба да го ангажира, тука беше и Манчестер Јунајтед. Сега според „Калчомеркато“ ПСЖ се вклучува во трката за неговиот потпис и можеби е најблиску да го доведе, секако во случај Сандро да го напушти Торино.

Челси го доведе Палмери од Рома, додека Јунајтед се уште не испратил конкретна понуда, па се верува дека Мурињо ќе се сврти кон други опции.

ПСЖ според информациите на „Калчомеркато“ веќе имал разговор со фудбалерот, додека сумата која наводно Јувентус ја бара за овој е 50 милиони евра и тоа за „светците“ не би требало да претставува проблем.

Сандро во Торино заработува 2.8 милиони евра годишно и има договор до 2020 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Реал за секој гол му плаќа на Ендрик 300 000 евра

Секој гол што Ендрик го постигнал и ќе го постигне за Реал Мадрид ќе го чини клубот 300.00…