Дома Фудбал Останато ПСЖ потпишува нов договор со „Најк“: Само три клуба ќе имаат поголеми спонзорски договори!

ПСЖ потпишува нов договор со „Најк“: Само три клуба ќе имаат поголеми спонзорски договори!

Францускиот шампион ПСЖ најави продолжување на соработката со американскиот произведувач на спортска оперма „Најк“.

Парижаните сега со „Најк“ се врзани до 2032 година и ќе ги зголемат приходите кои ги добиваа од оваа компанија во претходните години.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


ПСЖ со новиот договор по прихдоите оди пред Манчестер Сити, Челзи, Арсенал, Баерн, Тотенхем и Ливерпул. Клубот од Париз ќе добива 80 милиони евра годишно.

Само Реал Мадрид, Барселона и Манчестер Јунајтед ќе заработуваат повеќе од спонзорствата.

„Договорот претставува важен проект и ќе се одрази на клубот и големите амбиции во иднина“, изјави првиот човек на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи.

„Најк беше најверен партнер на клубот и оваа работа ја покажува цврстата определеност да се продолжи успешниот пат. Благодарение на „Најк“ и Џордан имавме рекордна продажба на дресови. Се радуваме на тој раст и пробивањето на нови рекорди“, додаде Келаифи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Левандовски испиша историја📷

Барселона има водство по првото полувреме против Брест во Лигата на шампиони, а стрелец на…