Иако ПСЖ минатото лето се договори со Монако после позајмицата да го откупи договорот на Килијан Мбапе, оваа зделка би можела да пропадне, пишуваат англиските медиуми.
Да потсетиме, ПСЖ во август минатата година го позајми Мбапе од Монако и поради трансферот на Нејмар од 222 милиони не можеше да си дозволи веднаш да го купи. ПСЖ пронајде начин и договори позајмица со откуп ова лето за сума од 180 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, според пишувањето на англиските медиуми, Мбапе на крајот би можел да заврши во Манчестер Сити. Пеп Гвардиола се обидуваше на два пати да го доведе, но Мбапе сепак се одлучи за Париз. ПСЖ во овој момент е под истрага на УЕФА поради сомневање за „нечисти“ работи во трансферите на Нејмар и Мбапе.
Доколку во истрагата биде потврдено дека ПСЖ не работел според правилата тоа може да го искористи Манчестер Сити. Во таква ситуација ПСЖ секако би го откупил договорот на фудбалерот, но би бил принуден веднаш да го продаде.
За Манчестер Сити парите нема да бидат проблем и ова лето, најавите се дека Гвардиола на располагање ќе добие 700 милиони евра.