ПСЖ повторно се реши да сруши уште еден рекорд по висина на трансферот, само што овој пат на „Паркот на Принвоците“ ќе пристигне голман.
Како што тврдат медиумите од Франција, управата на ПСЖ одлучи да го купи Јан Облак, голманот на Атлетико Мадрид и со тоа што ќе ја платат откупната клаузула од договорот. За да не се „натпреваруваат“ со Шпанците, шеикот од Катар, Насел Ал-Келаифи ќе плати 100 милиони евра за Облак, што тоа ќе биде нов светски рекорд кога станува збор за трансфер за еден голман.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Челзи и Арсенал исто така сакаат да го доведат Облак, но во оваа трка, немаат шанса против ПСЖ кој минатото лето потроши речиси 400 милиони евра само на доведувањето на Нејмар и Мбапе.