Дома Фудбал Останато ПСЖ повторно го казни Рабио поради Инстаграм

ПСЖ повторно го казни Рабио поради Инстаграм

Пари Сент Жермен му се „одмаздува“ на Адриен Рабио поради фактот што ги одби сите понуди за продолжување на договорот и на крајот на сезоната ќе го напушти клубот без обештетување.

Раководството на ПСЖ буквално го „исфрли“ Рабио од тимот и го префрли да тренира со младинците, но не ја пропушта секоја прилика финансиски да го казни фудбалерот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Првично му забранија приста до тренинг базата на тимот до крајот на март, бидејќи беше фатен како слави во ноќен клуб по елиминацијата од Манчестер Јунајтед во Лигата на Шампионите. А сега следеи нова санкција.

Тоа се должи на фактот дека Рабио ја „лајкнал“ објавата на Патрис Евра, на кое тој појаснува дека не сакал да омаловажи никого од ПСЖ, но управата на клубот проценила дека фудбалерот со ова не застанал зад интересите на клубот.

„Вие сте се уште вработен на овој клуб и како таков, треба да ги почитувате обврските за лојалност кон него. Апсолутно не го толерираме вашето однесување да ја прекршувате добрата атмосфера во тимот со своите постапки, потценувачки кон клубот, чиј амблем се уште го браните“, пишува во писмото на ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Преставена топката за Мундијалот 2026: Ќе има технологија која ќе им помага на судиите

„Адидас“ ја претстави официјалната топка која ќе биде користена на Светското првенство во …