Едисон Кавани според најавите на медиумите ова лето ќе го напушти Пари Сен Жермен.
Најдобриот стрелец во историјата на францускиот клуб изгледа од наредната сезона ќе го гледаме во друг дрес.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се споменува негово враќање во Атлетико, но ќе видиме кој ќе стигне прв до потписот на „Ел Матадор“.
Спортскиот директор на ПСЖ Антеро Енрике веќе е во потрага по негова замена, а медиумите пишуваат дека на неговиот список има четири имиња.
Првите две желби се Мауро Икарди од Интер и Лука Јовиќ од Ајнтрахт Франкфурт.
Аргентинецот е на излезни врати од клубот од Милано, поминуваше низ разни проблеми оваа сезона, одземена му беше и капитенската лента. Поради сето тоа се добива впечаток дека ја игра последната сезона, Јувентус покажа интерес, но и ПСЖ.
Кога во прашање Јовиќ него го бараат многу клубови, но ПСЖ никогаш не треба да се отпише.
Се проценува дека Ајнтрахт за услугите на поранешниот напаѓач на Црвена Звезда ќе бара околу 70 милиони евра.
Резервни опции се Ромелу Лукаку од Манчестер Јунајтед и Муса Дембеле од Лион.
Белгиецот би можел да го напушти „Олд Трафорд“ ова лето бидејќи во клубот не се задоволни од неговиот учинок. Кога во прашање е Дембеле тој минатото лето пристигна во Лион и оваа сезона постигна 13 голови и запиша пет асистенции.