Левиот бек на Милан, Тео Хернандес е голема желба на раководството на ПСЖ, пренесуваат италијанските медиуми.




„Светците“ планираат да испратат понуда за 23-годишниот дефанзивец, кој игра одлично во Милан и се промовираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Покетино го посочил Хернандес како примарна трансфер цел, а „светците“ спремиле понуда од 60 милиони евра.




Сепак, италијанските медиуми тврдат дека Милан не сака да се откаже од својата ѕвезда и е спремен да ја одбие понудата.




Малдини веќе започна преговори со неговиот агент и му понудил нов договор со тројно зголемување на платата.