Дома Топ вести ПСЖ не го пушта Мбапе и сака да го направи убедливо најплатен европски фудбалер!

ПСЖ не го пушта Мбапе и сака да го направи убедливо најплатен европски фудбалер!

Килијан Мбапе повторно е во центарот на вниманието поради неговата ситуација во Пари Сен Жермен.

Според последните информации ПСЖ не се откажува од намерата да го задржи и за да остане му нуди плата од дури 100 милиони евра по сезона.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Ако информациите на „РМЦ Спорт“ се покажат како точни, тоа значи дека Мбапе со таа плата би бил убедливо најплатениот фудбалер во Европа.

Кога е заминувањето во прашање, Мбапе најмногу се поврзуваше со Реал Мадрид кој и во овој преоден рок наводно покажувал интерес. Мбапе јавно зборуваше дека се уште нема донесено одлука каде ќе игра наредната сезона, додека Келаифи тврдеше дека постигнале „џентлменски договор“ за кој сега не можат да зборуваат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Анчелоти го најде виновникот за лошото деби со Бразил

Карло Анчелоти направи кикс на новиот почеток на 66 години. Во првиот натпревар како селек…