Дома Фудбал Лига на шампиони ПСЖ – Ман.Сити: Парите им овозможија да сонуваат, но еден ќе заврши во солзи

ПСЖ – Ман.Сити: Парите им овозможија да сонуваат, но еден ќе заврши во солзи

Соништата за прва титула во Лигата на шампионите ќе бидат изгаснати за еден од тимовите на ПСЖ или Манчестер Сити, бидејќи двата континентални гиганти ќе играат меѓусебе во првиот натпревар од полуфиналето на „Паркот на принцовите“.

ПСЖ по победата на гостински терен против актуелниот шампион Баерн Минхен обезбеди пласман во полуфиналето, додека Манчестер Сити обезбеди вкупна победа над Борусија Дортмунд со 4:2 во четвртфиналето.

ПСЖ во одлична офанзивна форма


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


ПСЖ славеше победа од 1:3 минатот викенд во Лига 1 против Мец. Тој меч беше само загревање за тоа што ги очекува во Лигата на Шампионите. Целото внимание во ПСЖ е насочено кон овој дуел со Сити.

Мора да се признае дека ПСЖ имаше среќа против Баерн Минхем. Францискиот гигант беше целосно надигран на првиот меч во Минхен, но славеше со 2:3. Надигран беше и на домашен терен, но овој пат загуби со 0:1, што беше недоволно за Баерн да мине во следната фаза. Сега, против Сити на ПСЖ ќе му треба многу повеќе од среќа за да мине во следната фаза.

Но за разлика од предходните сезони, кога во оваа фаза од сезоната ПСЖ веќе ја имаше загарантирано титулата во домашниот шампионат, сега тоа не е случај. ПСЖ мора да биде на највисоко ниво и во двете натпреварувања, па тоа донекаде им ја отежнува задачата.

Но Маурисио Покетино и ПСЖ имаат заедничко нешто кога станува збор за елитното натпреварување во Европа – порази во финалето.

Една година пред ПСЖ да падне на последната пречка од Баерн, Покетино се најде со Тотенхем во финалето против Ливерпул, но доживеа пораз.

Позитива на ПСЖ е тоа што напаѓачката моќ е очигледна во последните неколку недели, бидејќи избраниците на Покетино постигнаа најмалку по три гола на седум од последните девет натпревари во сите натпреварувања.

Пеп е очаен за трофејот во Лигата на Шампиони

Од друга страна, Манчестер Сити во овој меч влегува по финалето во ЕФЛ Купот. Играа токму против поранешниот тим на Покетино – Тотенхем и славеа со 1:0 за прв трофеј сезонава. Тоа беше одлична увертира пред овој меч во Париз.

Гвардиола сепак не го интересира ништо друго освен Лигата на Шампиони. После неверојатните вложувања на тимот, Пеп е очаен да му го донесе толку драгоцениот трофеј на тимот.

Веќе две задачи сезонава се завршени, трофејот во купот и титулата во Премиер Лигата ( Сити има предност од 10 бода во однос на Манчестер Јунајтед ). Но оваа задача ќе биде најтешка.

Гвардиола нема никакви проблеми пред овој меч, може да смета на целиот ростер на фудбалери и има многу комбинации. Сепак, со оглед на тоа што Фоден, Кевин Де Брујн и Ријад Махрез обезбедуваат напаѓачки квалитет во изобилство, на Гвардиола ќе му биде тешко да ги избере првите 11. Тука се Агуеро, Габриел Хесус, Стерлинг … Во секој случај, јасно е дека Сити ќе биде офанзивно ориентиран и уште на првиот меч на гости ќе оди на гол повеќе од противникот.

Наш предлог:

Двете екипи да постигнат гол @ 1.62 во 10Bet

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Баерн го прави Мусијала најплатен во Бундеслигата

Баерн Минхен и  Џамил Мусијала се во напредни преговори за продолжување на договорот …