Дома Фудбал Англија ПСЖ и Ливерпул во трка за играч на Кристал Палас: Клубот ја одреди цената – 75 милиони евра!

ПСЖ и Ливерпул во трка за играч на Кристал Палас: Клубот ја одреди цената – 75 милиони евра!

ПСЖ и Ливерпул летово не завршуваат со засилувањата, а сега се заедно во трката за 23-годишниот дефанзивен играч за врска чија цена е одредена на 75 милиони евра.

Иако шампионот на Франција, ПСЖ ова лето веќе направи осум трансфери, не сакаат да застанат тука и следна желба им е Шеик Дукуре.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Како што пренесуваат странските медиуми, во трка за играчот на Кристал Палас е и Ливерпул. Јирген Клоп планира со него да го заврши својот план за обнова на средниот ред на „Црвените“.

Ливерпул и ПСЖ до овој момент немаат дадено официјална понуда, но трансферот воопшто нема да биде евтин. Фихајес објави дека лондонскиот тим бара ни помалку ни повеќе туку 75 милиони евра.

Дукур направи пробив кај сениорите во 2018 година кога францускиот Ленс го промовираше од вториот тим.

По четири години во дресот на овој француски тим, Дукуре пристигна во Премиер лигата за 23 милиони евра.

Дефанзивен играч за врска кој може да игра и на централен бек кога е потребно, тој импресионираше во својата прва сезона за Кристал Палас и брзо се наметна во почетниот состав на тимот.

Од 38 можни натпревари во претходното издание на англискиот шампионат, Дукуре настапи на дури 34.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Симеоне останува во Атлетико Мадрид до 2030 година?

Џулијано Симеоне го продолжува договорот со Атлетико Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми…