Дома Фудбал Останато ПСЖ го реши случајот меѓу Кавани и Нејмар – видете кој е „победник“

ПСЖ го реши случајот меѓу Кавани и Нејмар – видете кој е „победник“

Расправијата помеѓу Кавани и Нејмар ги полнеше насловните страни оваа недела, а се започна од тоа кој ќе го изведе пеналот на дуелот со Лион.

Кавани се избори да го изведе пеналот, а тоа го налути Бразилецот па некои медиуми пишуваа дека дури и побарал да биде продаден Уругваецот во јануарскиот преоден рок.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Меѓутоа, првиот човек на ПСЖ, Насер ал Келаифи заедно со тренерот Унаи Емери имаа разговор со фудбалерите, па проблемото е решен.

Донесена е конечна одлука кој ќе ги изведува пеналите. Кавани останува прв изведувач, додека Нејмар шансата ќе ја чека кога Уругваецот ќе го нема во тимот.

Медиумите ова го протолкуваа како победа на Кавани, па прашање е како егото Нејмар ќе го поднесе тоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клаузула во договорот на Мурињо ги отвора вратите кон Реал Мадрид

ЖОЗЕ МУРИЊО има клаузула во договорот со Бенфика која може да го направи достапен уште ова…