Дома Фудбал Останато ПСЖ го освои првиот трофеј: Монако прегазен, ремек-дело на Ди Марија! (видео)

ПСЖ го освои првиот трофеј: Монако прегазен, ремек-дело на Ди Марија! (видео)

Екипата на ПСЖ го освои францускиот Суперкуп. „Светците“ во денешното финале одиграно в Кина го совладаа големиот ривал Монако со убедливи 4:0.

Иако Томас Тухел на терен излезе со скоро резервен состав во кој од стандардните првотимци на теренот стартот се најдоа: Буфон, Силва, Верати, Рабио и Ди Марија, на крајот Монако доживеа дебакл.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


После неколку добри шанси серијата голови со мало ремек-дело ја отвори Анхел Ди Марија во 33 минута од натпреварот.

Седум минути подоцна следуваше нов гол во мрежата на Монако. Овој пат стрелец беше Нкунку за предност од 2:0.

Со овој резултат се замина на полувремето, а и во продолжение ПСЖ беше подобар тим. Имаа неколку одлични прилика, а натпреварот беше одлучен со голот на Тимотни Веа во 67 минута.

Во последните 15 минути настапи и Нејмар, конечните 4:0 ги постави Ди Марија со својот втор гол на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…