Пари Сент Жермен е фаворит за потписот на левиот бек на Тотенхем, Дани Роуз, пренесуваат англиските медиуми.
Англискиот репрезентативец е спремен ова лето да ја промени средината, бидејќи Покетино не му гарантира место во стартниот тим.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Роуз минатата сезона одигра 37 меча во сите конкуренции, а „спарси“ се спремни да го пуштат за 20 милиони фунти.
29-годишниот Англичанец има договор со Тотенхем до 2021 година, а Тотенхем е спремен да го продаде за да се насочи кон Рајан Сесињон од Фулам.
За Роуз интерес покажуваат неколку клубови ширум Европа, но „Скај Спорт“ тврди дека ПСЖ е фаворит за неговиот потпис и е спремен да плати 20 милиони фунти.
Danny Rose left out of Tottenham squad for Asia tour games as club & player seek to negotiate a move away for him. If none emerges then he will be part of first-team squad for new season https://t.co/d5iSJPJX2w
— Sam Wallace (@SamWallaceTel) July 16, 2019