Дома Трансфер зона ПСЖ бара попуст за Икарди

ПСЖ бара попуст за Икарди

Аргентинскиот голгетер Мауро Икарди ова лето пристигна во ПСЖ и веднаш покажа дека станува збор за еден од најдобрите напаѓачи во светот.

После проблемите кои ги имаше во Интер брзо се адаптира во Париз и го истисна Кавани од првиот тим, па редовно ги тресе противничките мрежи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ПСЖ има можност да го откупи неговиот договор на лето за 70 милиони евра и „светците“ сакаат да го задржат па веќе стапиле во контакт со Интер.

Меѓутоа, „светците“ сакаат да ја продолжат позајмицата на уште една година, поради финансиските загуби од пандемијата, објави „Екип“.

Исто така, парижаните се подготвени да понудат алтернативна опција – да го откупат договорот на Аргентинецот ова лето, но доколку „нероаѕурите“ ја намалат цената од 70 на 50 милиони евра.

Икарди има 20 голови и четири асистенции на 31 натпревар за ПСЖ во сезоната 2019/20.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал спремен да го продаде Жесус

Арсенал ова лето е спремен да слушне понуди за бразилскиот напаѓач Габриел Жесус, пренесув…