Македонија во последното коло на домашен терен сама ќе решава за својата судбина и со победа против Исланд ние ќе бидеме тие кои ќе играме во баражот.
Откако вчера Романија не го победи Исланд, сега судбината за второто место во групата е во наши раце.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во недела репрезентативците очекуваат голема поддршка, па Фудбалската федерација на Македонија ги отвора и источната и западната трибина од Националната арена „Тодор Проески”.
100 денари е цена на билет за источната и западната трибина. Влезниците можат да се купат преку MkTickets.
Фото: ФФМ