Фудбалската репрезентација на Црна Гора е во најлошата серија во својата историја. Шестиот пораз во низа го забележаа против Велс во Лигата на нации.
Голот на Хари Вилсон од пенал во 36. минута донесе победа за неговата репрезентација, а негативен рекорд на селекторот Роберт Просинечки, кој е последен на табелата во групата 4 од Лигата на нации Б.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Црногорците се уште имаат шанса да останат во Б ранг во Лигата на нации, но таа е многу мала и може да исчезне во следниот натпревар.
Исланд ќе гостува во Подгорица, а ниту реми нема да биде доволно за домаќините да се издигнат од дното на табелата.