Дома Трансфер зона Пропаѓа трансферот на Фабињо во Ал Итихад? Причината бизарна

Пропаѓа трансферот на Фабињо во Ал Итихад? Причината бизарна

Бразилецот Фабињо (29) требаше да се пресели од Ливерпул во Ал-Итихад за 45 милиони евра.

Јирген Клоп се согласи да го пушти играчот од средниот ред бидејќи претходно ги донесе Алексис Мак Алистер и Доминик Шобослаи. Сепак, трансферот на Фабињо може да пропадне поради неговите кучиња.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Имено, Фабињо сака таму да ги однесе своите два француски булдога, а Саудијците овие кучиња ги сметаат за опасни и агресивни и затоа се забранети во својата земја.

Исто така, во Саудиска Арабија не се дозволени питбули и ротвајлери, така што Фабињо не смее да ги носи своите миленици во Саудиска Арабија.

Токму тоа може да го расипе неговиот богат трансфер на Блискиот Исток.

Фабињо пристигна во Ливерпул од Монако во летото 2018 година за 45 милиони евра и беше еден од најважните играчи на Клоп во последните сезони. За Бразил одигра 29 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …