Во изминатите неколку недели многу се зборуваше за заминување на Едерсон од Манчестер Сити, но како што стојат работите, на крајот ништо нема да излезе од тоа.
Бразилецот е еден од клучните играчи во тимот предводен од Пеп Гвардиола, а во Англија пристигна од Бенфика летото 2017 година за 35 милиони фунти.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тој сега има 30 години и со години е прв голман на Манчестер Сити, а во претходните сезони уживаше во освојувањето на многу титули со својот тим.
Се појавија информации дека Едерсон би можел да го напушти „Етихад“, а „виновна“ е понудата која стигна од Саудиска Арабија, поточно од тимот на Ал-Итихад.
Фабрицио Романо сега потврди дека трансферот на Едерсон во Саудиска Арабија пропаднал, но откри и дека овој клуб донел нов голман.
„Пропадна договорот за трансфер на Едерсон во Ал Итихад од Манчестер Сити.
Ал Итихад ги потпиша сите документи со Предраг Рајковиќ, кој доаѓа во клубот од Мајорка.
Трансферот ќе биде вреден 11 милиони евра“, напиша Романо.