Македонската фудбалска репрезентација забележа нов пад, овој пат од осум места на најновото рангирање на ранглистата на ФИФА и сега се наоѓа на 155-то место.
Падот беше очекуван после двата порази од Израел и Италија, но сигурно не е очекувано репрезентации како Маурициус и Бурунди да бидат пред нас, а Фарски Острови веќе станаа недостижни за Македонија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од нашата квалификациска група за пласман на СП во Русија, најдоброрангирана е Шпанија на 10. место, напредувајќи овој месец за една позиција, пред Италија која е на 13. место. Албанија е на 47. место, а Израел е на 79-та позиција. Лихтештајн е единствено зад нас на 183. место.
Најдоброрангирана селекција на ФИФА листата е Аргентина, пред Германија, Бразил, Белгија, Колумбија, Чиле, Франција, Португалија, Уругвај и Шпанија во ТОП 10.