Дома Трансфер зона Продолжува сагата со Ибрахимовиќ: Нов клуб сега е фаворит!

Продолжува сагата со Ибрахимовиќ: Нов клуб сега е фаворит!

Продолжува сагата со Златан Ибрахимовиќ…

Прво е јави Болоња сметајќи на пријателството на Ибра со Синиша Михајловиќ, потоа Милан играјќи на картата на стара слава и љубовта…Но од поодамна фудбалот не е само емоции, парите се главна алатка и често пати се пресудни. Сега последните вести околу Ибра говорат – Наполи е нов фаворит!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Римска „Република“ открива дека планот на клубот од југот на Италија е прво да освои барем бод против Генк во вторник за да го обезбеди местото во топ 16 во Лигата на шампионите, а потоа да одржат состанок со Ибрахимовиќ.

Наводно Ибрахимовиќ има желба да се натпреварува на највисоко ниво и да игра во Лигата на шампионите. Затоа се чека тимот на Анчелоти да го обезбеди пласманот. Де Лаурентис според информациите е спремен да отстапи од својата пракса ина 38 годишниот напаѓач да му понуди висока плата од 8 милион иевра со тоа Ибрахимовиќ би станал најплатен фудбалер во клубот.

Исто така Италијанците пишуваат дека Ибрахимовиќ со својот карактер би можел да придонесе за смирување на хаосот кој владее помеѓу фудбалерите во Неапол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Што се чека: Зошто трансферот на Шчесни се уште не е официјализиран?

Војчех Шчесни и понатаму чека официјализирање на трансферот во Барселона. Како што пренесу…