Навивачите на Челзи очекуваа Коста да се појави на тренингот, барем да биде од корист за тимот до зима кога се очекува да си замине во Атлетико.
Дури и Челзи се обидува во неговото заминување да го додаде и Гризман, со што Атлетико Мадрид заедно со Бразилецот, би добиле и 100 милиони за Французинот следното лето, но тоа е одбиено.
Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
Сепак, од враќањето на Коста во Челзи нема ништо. Интересно, неговиот автомобил е префрлен од паркингот за сениорски играчи во оној каде што тренираат фудбалерите за младите категории и резервите, за да не го завзема местото. Тоа е јасна порака за Бразилецот кој беше казнуван секоја недела, бидејќи остана во Бразил и од казните загуби неколку милиони евра уште од почетокот на подготовките за новата сезона.
Сега му остана само уште една опција до јануари, станува збор за турскиот Бешикташ, но и за тоа мора да побрза, утре ќе заврши трансфер периодот во таа земја. Цела година Турците се обидуваа да го донесат Бразилецот, понудија големи пари само за шестмесечен договор, но тој го одби. На крајот, изгледа дека и нема други опции, освен да остане во Челзи и да тренира со вториот тим.