Најскапиот фудбалер на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс најверојатно ќе го пропушти големото дерби со Реал Мадрид кое на програмата е во сабота на „Сантиаго Бернабеу“.
20-годишниот Португалец се здоби со мускулна повреда на десната нога за време на мечот со Леганес, но и покрај повредата остана на теренот до крајот на мечот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Проблемот е сериозен и вчера Жоао Феликс помина детални лекарски прегледи, кои потврдија дека на Пртугалецот ќе му биде потребна пауза од неколку дена, па најверојатно ќе го пропушти градското дерби.
На денешниот тренинг Симеоне работеле со Кореа, Мората, Витоло и Лемар во нападот, па најверојатно нема да смета на Португалецот во сабота.
Жоао Феликс пристигна ова лето од Бенфика за 126 милиони евра како најскапо засилување во историјата на клубот, но до сега не ги оправда големите очекувања.
Atletico's forward Joao Felix is out of the game vs Real Madrid after suffering a muscular injury. [@Marca] pic.twitter.com/OLSwffVyHl
— Infinite Madrid (@InfiniteMadrid) January 29, 2020