Дома Трансфер зона Проблеми за Клоп: Неговата најголема трансфер желба сака во Арсенал

Проблеми за Клоп: Неговата најголема трансфер желба сака во Арсенал

Ливерпул веќе активно бара замена за Филипе Кутињо кој пред неколку дена го комплетираше трансферот во Барселона.

Англиските медиуми веднаш пренесоа дека Ливерпул започнал преговори со Лестер за трансфсер на Ријад Марез вреден 55 милиони евра.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Некои медиуми објавија дека се е договорено и дека Алжирецот само треба да ги помине лекарските прегледи да за стане члена на Ливерпул, меѓутоа трансферот не се реализираше.

Преговорите помеѓу Ливерпул и Лестер се завршени, но Марез има други планови. Наводно Алжирецот преферира преселба во Лондон во редовите на Арсенал.

Не е тајна дека Венгер долго време го посакува Алжирецот во своите редови и во него гледа идеална замена за Алексис Санчез.

Наводно и самиот Марез повеќе го преферира „Емирати“ отколку „Енфилд“, па тоа е причината за пропаѓањето на трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…