Дома Фудбал Проблеми за Барселона, Чави не го пуштаат да влезе во САД

Проблеми за Барселона, Чави не го пуштаат да влезе во САД

Првиот дел од подготовките што треба да ги одработат во Мајами, САД, фудбалерите на Барселона ќе мора да го работат без тренерот Чави.

Имено, Чави не можеше да отпатува со тимот во САД поради административни проблеми. Чави беше три пати во Иран за време на неговиот период како играч на катарскиот Ал Сад и затоа му треба посебна дозвола за да биде пуштен на американско тло.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Според „Мундо Депортиво“, административното прашање ќе биде решено и каталонскиот тренер треба да се приклучи на претсезонската турнеја на тимот во Мајами во наредните денови.

Последниот натпревар на Чави како фудбалер со Ал Сад беше токму во Техеран. Раководството на Барселона дури во петокот попладне дозна дека тренерот не ги исполнува сите услови за влезна виза за САД и случајот ќе може да го реши дури во понеделник.

Барселона на 19 јули ќе игра против Интер Мајами на Флорида. Потоа следуваат натпреварите со Реал Мадрид во Лас Вегас на 23 јули, Јувентус во Далас на 26 јули и Њујорк Ред Булс во Њу Џерси на 30 јули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Платата на Жозе Мурињо во Бенфика стана достапна за јавноста. Еве колку заработува

Излегоа информации за примањата на Жозе Мурињо во Бенфика. Легендарниот португалски тренер…