Дома Фудбал Италија Проблем за Јувентус и Пирло: Нова повреда на Рамзи

Проблем за Јувентус и Пирло: Нова повреда на Рамзи

Јувентус го победи Френцварош со 1:4, но Андреа Пирло во тој натпревар остана без Арон Рамзи.

Имено, Рамзи го повредил десниот бутен мускул и го чека 20-тина дена пауза. За Рамзи ова е втора повреда во сезоната.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Велшанецот така сигурно ќе ги пропушти натпреварите против Лацио и Каљари, а за Јувентус добра работа е што следи репрезентативната пауза.

На теренот Рамзи би требало да се врати на 28. ноември проти Беневенто што значи дека нема да може да помогне и на Велс во Лигата на Нации.

Од Јувентус соопштија и дека на ново тестирање Рамзи ќе оди за десет дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челси може да направи спектакуларна размена со Реал Мадрид

Енцо Фернандез (25) повторно е во центарот на вниманието како можен нов играч на Реал Мадр…