Дома Фудбал Проблем за Барселона: Нова повреда за Ансу Фати

Проблем за Барселона: Нова повреда за Ансу Фати

Фудбалерот на Барселона, Ансу Фати повторно не е на располагање на тренерот Роналд Куман поради повреда, потврдија од каталонскиот тим.

Ансу Фати има болки во десното колено. Поради тоа не е во тимот, неговото враќање ќе зависи од опоравувааето“, се наведува во краткото соопштение.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Младиот фудбалер се повреди во текот на натпреварот со Реал Мадрид претходниот викенд и од игра излезе во 74. минута. На прес-конференцијата Куман соопшти дека Фати има проблем и дека повредата не е сериозна.

Барселона денес игра против Рајо Ваљекано, а во сабота ја чека меч со Алавес, додека во вторник ќе се сретнат со Динамо во Лигата на шампионите. Неизвесно е дали Фати ќе биде спремен за тие два натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Седлоски: Ова е тежок пораз кој боли

Селекторот Гоце Седлоски го анализираше натпреварот против Данска кој го загуби Македонија…