Дома Останати Пријател на семејството за таткото на Кабиб: Седум дена беше во кома и не може да зборува

Пријател на семејството за таткото на Кабиб: Седум дена беше во кома и не може да зборува

Познатиот коментатор Рамазан Рабаданов, инаку пријател на семејството Нурмагомедов, објави детали за состојбата на таткото на Кабиб, Абдулманап Нурмагомедов.

Ќе потсетиме, претходно беше познато дека 57 годишниот татко и тренер на УФЦ шампионот беше хоспитализиран со дијагноза на воспаление на белите дробови, на тестот на коронавирус беше негативен. Тој поради проблеми со дишењето е сместен во воената болница во Москва каде што беше примен на 25. Април.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Рабаданов сега објави детали.

„И понатаму лежи во болницата во Москва. Зафатени му се 75% од белите дробови, оперирано му е и срцето откако имаше сцев и мозочен удар. Во кома беше седум дена. Се разбуди, но не може да зборува, состојбата му е тешка. Сите се надеваме дека набрзо ќе се опорави“, изјави Рабаданов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Македонска гордост: Даниела Алексоска со брз финиш славеше на „Армада 14“ (Видео)

Македонската ММА натпреварувачка Даниела Алексовска со стил стигна до голема победа на нас…