Рома до крајот на преодниот рок може да доведе уште една ѕвезда на Јувентус, покрај Пауло Дибала, пренесува „Калчомеркато“.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, Рома започна преговори со Јувентус за трансфер на играчот за врска, Денис Закарија.
„Старата дама“ сака да се ослободи од еден играч за да го донесе Леандро Паредес и е спремен да го продаде Закарија.




Закарија одигра цел натпревар во првото коло против Сасуоло, но потоа беше оставен на клупата за ремито без голови со Сампдорија во Џенова.




Јувентус го плати Швајцарецот 9 милиони евра во јануари, а Рома е подготвена за неговиот потпис да плати 12 милиони евра плус бонуси.