Дома Македонски спорт Мак ракомет Прешов совладан, Вардар им се врати на победите, Дибиров најефикасен

Прешов совладан, Вардар им се врати на победите, Дибиров најефикасен

Maкедонскиот и европски шампион Вардар славеше во натпреварот од СЕХА лигата против Татран Прешов со резултат 22:30.

За црвено-црните ова е враќање на победите откако во минатото коло одиграа реми против Брест.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Вардар одлично започна успеа да создаде предност од два гола, која ја  одржуваше во поголемиот дел од натпреварот. За на пауза да се замине со резултат 13:14 за македонскиот претставник.

Во вториот дел Вардар како да притисна на „педалата за гас“, па како што одминуваше полувремето избраниците на Раул Гонзалес го зголемуваа водството. Вторите 30 минути Вардар ги доби со сигурни 16:9, за на конечниот резултат да гласи 22:30.

Најефикасен во Вардар беше Тимур Дибиров со девет постигнати гола, зад него слдуваа Циндриќ, Криштпанс и Војводиќ со по пет гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…