Дома Фудбал Останато Претседателот на Наполи работи на формирање на нова Суперлига

Претседателот на Наполи работи на формирање на нова Суперлига

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис откри дека работи на проектот на создавање на европска Суперлига, но различен формат од тој кој пропадна само неколку дена откако беше промовиран.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Де Лаурентис тврди дека фудбалот има потреба од драстични промени и дека формирањето на ново натпреварување е неопходно.

„Системот повеќе не работи. Лигата на шампиони и Лига Европа не носат доволно приходи за да го оправдуваат учеството. За да бидеш конкурентен имаш поттреба од повеќе играчи на високо ниво. Треба да се трошат повеќе пари, а наградниот фонд на овие натпреварувања не го гарантира тоа“, изјави Де Лаурентис.

„Разгледувам проект кој може да носи 10 милијарди евра на клубовите од Европа. Меѓутоа треба волја и полна независност. Новиот проект треба да биде добро осмислен и прифатлив за сите“, додаде претседателот на Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Не си ти Марадона“: Преговорите меѓу Баерн и неговата голема ѕвезда пропаѓаат?!

Преговорите се тешки, делува дека нема договор. Фудбалерот бара многу, во Баерн му ‚спушта…