Претседателот на Ла Лига кратко ја коментираше прославата на Пике за голот против Еспањол.
Хавиер Тебас: „Пред Пике да го постигне голот, никој не го навреди неговото семејство. Тој не требаше на тој начин да го прослави голот. Постојат неколку начини на прослава, но Пике не требаше да го избере тој. Предизвика тензија со својата прослава, а тоа не е во ред“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Еспањол беше исклучително професионален и се соработуваше со нас, за да ги спречиме навредите од трибините. И ги немаше во неделата. Меѓутоа, прославата на Пике предизвика реакции на навивачите, кои започнаа со навредите. Зборувавме со претставниците на Еспањол и видовме дека немаше навреди пред неговиот гол“.