Се поизвесно е дека после 20 години Лионел Меси ја напушта Барселона.
Меси сака да замине како слободен играч ова лето, а се поврзува со Интер, Манчестер Сити и ПСЖ, а во комбинација се уште и Манчестер Јуајтед и Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во меѓувреме, Меси преку факс испратил барање за раскин на договорот, бидејќи имал клазула со која може еднострано да го раскине договорот кога ќе одлучи да замине, но во Барселона уверуваат дека договорот автоматски му е продолжен на 31. мај за уште една сезона со трансфер клазула од 700 милиони евра.
Во Барселона вечерва се одржува итен состанок на управата, а загрижените навивачите се собираат пред просториите на клубот. Околу целата ситуација се огласи и претседателот на Каталонија, Куим Тора.
„Каталонија секогаш ќе биде твој дом. Ти благодарам за целата среќа која ни ја донесе со својот фудбал. Имавме среќа да живееме во друштво со таков играч.“ – напиша на Твитер Тора.
Catalunya serà sempre casa teva. Moltes gràcies per tots aquest temps de felicitat i d’un futbol extraordinari. Hem tingut la sort de compartir uns anys de les nostres vides amb el millor jugador del món. I un noble esportista No t’oblidarem mai. Leo Messi, Creu de Sant Jordi. pic.twitter.com/Ojev577MoE
— Quim Torra i Pla (@QuimTorraiPla) August 25, 2020