Дома Топ вести Претседателот на Барса во посета на Мадрид – Откриена и причината!

Претседателот на Барса во посета на Мадрид – Откриена и причината!

Утрово беше откриена причината за посетата на директорот на Барселона Роберт Фернандез на „Сантијаго Бернабеу“.

Многумина се зачудија кога во вторникот вечерта на натпреварот во Лигата на шампионите против Тотенхем во ложата на стадионот на Реал Мадрид беше забележан спортскиот директор на Барселона.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Шпанските медиуми пишуваат дека тој присуствувал на овој натпревар за да го проследи настапот на фудбалерите кои веќе долго време се на мета на каталонскиот гигант, Хари Кејн и Кристијан Ериксен.

Кејн кој неодамна ја доби и капитенската лента на репрезентацијата на Англија во овој момент е еден од најдобрите напаѓачи во светот и човек за кој се зборува во сите фудбалски кругови.

Неговите настапи веќе ги следи Реал Мадрид кој е спремен да плати 150 милиони евра да го доведе веќе следното лето, а сега во игра е и нивниот голем ривал, екипата на Барселона која исто така сака да го види во своите редови.

Покрај Кејн, Барселона го следи и Ериксен кој доколку продолжи да прикажува настапи како против „кралевите“ сигурно дека ќе биде желба на уште некои големи европски клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…