Вчера на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“ се одигра финалето во Лигата на Европа во кое славеше тимот на Ајнтрахт.
После 120 минути фудбал на семафорот стоеше 1:1, па победникот се решаваше со изведување на пенали. Првите три серии ги реализираа фудбалерите и на двете страни, а потоа во четвртата лошо шутираше Арон Рамзи. Кевин Трап го одбрани неговиот за голема предност на својот Ајнтрахт која на крајот и ја искористи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, претседателот на германскиот клуб Питер Фишер и замери на УЕФА што финалето се играше на овој стадион.
„200.000 навивачи сакаа да бидат тука денес, но 190.000 се тажни затоа што игравме на овој Мики Маус стадион“, изјави претседателот на германскиот клуб кој не може да се помири со фактот што неговиот тим доби само 10.000 влезници.