Дома Останати Тенис Пресврт за титула: Ѓоковиќ спаси меч топка во фантастично финале за одличен старт на 2023 година!

Пресврт за титула: Ѓоковиќ спаси меч топка во фантастично финале за одличен старт на 2023 година!

Новак Ѓоковиќ го освои турнирот во Абделаида откако во фантастично финале го победи Себастијан Корда со 2:1 (6:7, 7:6 и 6:4).

Во мечот видовме вкупно три брејка, што покажува колку и двајцата тенисери беа доминантни на свој сервис.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ѓоковиќ го освои најважниот, последниот за 6:4 во третиот сет со што стигна до нов трофеј и на вистински начин го најави настапот на Австралија Опен.

За Ѓоковиќ ова беше 92-трофеј во кариерата со што се изедначи со Рафаел Надал на врвот.

Ѓоковиќ успеа да спаси меч-топка во вториот сет кога во 12. гем Корда беше блиску до победа. Српскиот тенисер успешно се одбрани за потоа во тај-брејк да слави со 7:3.

Како што одминуваше времето Ѓоковиќ играше се подобро, додека Кодра почна греши, а тоа тенисер како Новак добро знаеше да го искористи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Позната најголемата трансфер желба на Аморим

Португалскиот стратег Рубен Аморим седна на клупата на Манчестер Јунајтед, а има една голе…