Со враќањето во Бразил се вратија и головите, Габриел Барбоса не заборавил да игра фудбал и во јануари би можел повторно да се врати во Европа.
После непријатното искуство Интер, губењето време во Лисабон, Габигол се врати во Сантос.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Младиот Бразилец повторно започна да постигнува голови и на позајмица во бразилскиот клуб на 29 натпревари постигна 15 погодоци.
Тој со задоволство би останал, но тоа не е можно. Претседателот на Сантос потврди дека условите се такв што нова позајмица или откуп на договорот се преголем залак за клубот, па во јануари, односно крајот на декември ќе се врати во Интер.
Интерес покажаа Кристал Палас и Атетлико, а Бразилецот би ја избрал Шпанија.
„Лигата е слична на бразилската, менталитетот исто така, би сакал да играм во Примера“, изјави Габриел Барбоса кој не сака трансфер на Островот.